ЗА НАС

Previous
Next

Визијата на Ботаничката градина:

„Македонија ефикасно го чува своето растително богатство преку развивање на научните и образовните потенцијали.“

Мисија:

„Ботаничката градина на ПМФ учествува во конзервација на растителниот свет, ја промовира биолошката едукација и овозможува научни и апликативни истражувања во соработка со други ботанички центри.“
Вредности: научен потенцијал, просторни можности, традиција, единствена ботаничка градина во Македонија, потенцијал од студенти и млади истражувачи

Партнери и поддржувачи

Општи информации за Ботаничка градина

Ботаничката градина на Природно-математичкиот факултет во Скопје организационо припаѓа кон Ботаничкиот завод на Институтот за биологија. На површина од 11 ha растат околу 400 дрвја и грмушки. Таа располага со три стакленици, еден ладилник и објект за аклиматизација на ретки и ендемични видови од македонската флора.
Активностите околу нејзиното формирање се започнати во 1948 година, а во 1951 година е започнато со оградување на просторот од околу 14 ha. При нејзиното формирање биле консултирани врвни познавачи од просторите на поранешна Југославија, така што ботаничката градина за релативно краток период почнала да прераснува во објект со своја препознатлива физиономија.
Последните две декади Ботаничката градина се наоѓаше во прилично лоша состојба заради недостиг на финансиски и човечки ресурси.
Во периодот 2017-2021 година беа реконструирани стакленикот и управната зграда на Ботаничката градина, објектот за аклиматизација на ретки и ендемични растенија и малиот стакленик. Дополнително беше изградена и летна училница за воннаставни едукативни активности. Во тек е изградба на објект за лековити, зачински и ароматични растенија.
Во Ботаничката градина се одгледуваат автохтони и алохтони растенија за потребите на наставно-образовниот процес, научно-истражувачката дејност и заштита на биолошката разновидност. Во последните години, Ботаничката градина е вклучена во реализација на воннаставни активности за учениците од основните и средните училишта.
Вредности: научен потенцијал, просторни можности, традиција, единствена ботаничка градина во Македонија, потенцијал од студенти и млади истражувачи

Каде се наоѓа ботаничката градина?